Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре штрајк со 120 столчиња пред Собранието, задутре со 21 столче пред Владата, јавниот сектор не отстапува од барањето за 2.800 денари повисока плата

0
By НОВА ТВ Balaban on June 21, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Од утре до петок, Скопје ќе живее во знакот на штрајкот на вработените во јавниот сектор. За негово одржување тие најавија специјален перформанс пред клучните државни институции, Собранието, Владата и Министерството за финансии.
Како што информираат од Сојузот на синдикатите, штрајкувачкиот одбор договорил утре пред Собранието бидат поставени 120 столчиња за пратениците во период од 10 до 14 часот, со што воедно  ќе биде прекинат сообраќајот на коловозните ленти. Следниот ден, во четврток, пак, од 10 до 14 часот пред Владата ќе бидат поставени 21 столче колку што изнесува бројот на министрите во кабинетот на Ковачевски.
Третата фаза од штрајкот предвидува в петок штрајкувачите да отидат пред Министерството за финансии, кое е институцијата која ги одобрува зголемувањата на платите, и таму да изразат незадоволство, и тоа во периодот од 10 до 14 часот.
Штрајкот уследи по неуспешните денешни преговори со Владата околу синдикалните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор. Како што нагласи Сојуз на синдикати на Македонија, генералниот штрајк ќе биде делумен, со присуство на работниците на своите работни места со прекин на работниот процес во одредено време. 
Ќе штрајкуваат и институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата, пожарникарите како и во други дејности од јавен интерес.
Слободан Трендафилов, шеф на кабинетот на претседателот на ССМ, Дарко Димовски, за НоваТВ изјави дека штрајкот почнува вечерва на полноќ.

„Генералниот штрајк во јавниот сектор почнува од вечерва на полноќ, при што прва ќе штрајкува третата смена. Договорот е утре од 10 до 11 часот вработените да излезат пред влезовите на институциите, за да има видливост на штрајкот“, вели Трендафилов.

Љубица Балабан
ССМ штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.