Претседателот на основниот суд 1 одговори на барањето на новинарите за прием во неговите канцеларии со цел да се објаснат правните процедури и мотиви за притворањето на новинарот Томислам Кежаровски. На нивната веб страница службата за односи со јавност го објави следново соопштение.
-Во врска со барањето за прием на Иницијативниот одбор на новинари, а по однос на истражниот предмет на овој суд КИОК.бр. 41/13 во кој е обвинет новинарот Томислав Кежаровски, Претседателот на судот во присуство на претставници на Канцеларијата за односи со јавност закажува средба за ден 04.06.2013 година – вторник во 14,30 часот во просториите на Основниот суд Скопје I Скопје со одговорните лица на Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски односно со најмногу тројца претставници на одборот, известуваат од судот.