Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 декември 2021 година, среда, во 13:00 часот, ќе го врачи мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија на Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ.
Настанот ќе може да се проследи во живо на Фејсбук страната и YouTube каналот на претседателот Пендаровски, соопштија од претседателскиот кабинет.