Утре (петок, 20 декември) во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи традиционалната „Средба на генерациите“ со учество на 30 поети, членови на македонската писателска асоцијација.
Манифестацијата ќе ја отвори поетот Тодор Чаловски, а програмата ќе ја води Александра Велинова.
„Средбата на генерации“ се одржува во рамките на Деновите на Блаже Конески што ДПМ ги организира во знак на чествување на големиот македонски поет и прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија.