Делегациите на САД и Русија ќе се сретнат утре, четврток, 27 февруари, во Истанбул.
Двете страни ќе разговараат за прашањето за повторно отворање на меѓусебните амбасади, јави турската агенција Анадолу, повикувајќи се на изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Практично, како што навестува агенцијата, тема ќе биде и Украина.