Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре во Скопје мировен марш за правото на чист воздух

0
By Нова ТВ on September 20, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коалицијата за чист воздух О2 и Првата детска  амбасада  во  светот  Меѓаши заедно со уште 18 граѓански, невладини организации утре во 17 часот низ повеќе булевари во Скопје ќе одржат мировен марш за правото на чист воздух.

Почетна точка на акцијата е пред Владата, по што ќе се помине низ булеварот „Илинден“  и булеварот „8 септември“ каде учесниците ќе се спојат со партнерските граѓански организации  „Ние сме Карпош 4“ и „Карпош 3“ кои исто така ќе имаат мирен протест.

– Сметаме дека токму овој период е исклучително важен за да се чуе гласот на граѓаните кои буквално, во сите поголеми градови во Македонија, Скопје, Тетово, Битола, Кичево, Струга, Куманово, Кавадарци директно ги чувствуваат последиците на токсичниот воздух. Сметаме дека овој период е особено важен пред  новите локални власти да се позиционираат, за да можат сериозно да го сфатат проблемот и заедно со централната власт да можат да превземат итни, но и краткорочни, а понатаму и систем на долгорочни мерки за решавање на проблемот, вели Ели Пешева од Коалицијата О2.

О2 Коалицијата имаше средби  со  повеќе  граѓански  иницијативи  и  организации, близу 20,  и  досега се дефинирани мерки кои веќе се доставени до Министерството за животна средина, а ќе бидат доставени и до сите кандидати за градоначалници, од сите партии, во обид тие да бидат реализирани во текот на нивните потенцијални мандати.

Истражувањата на Светската Здравствена Организација за 2012 година, покажаа дека аерозагадувањето во Македонија е причинител на повеќе од 2.836 смртни случаи годишно. Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во 2013 пак, смртта на 3360 лица ја препишува на изложеноста на ПМ 2.5 честици. Една од најпогодените категории од проблемите со воздухот се децата.

– Децата имаат право на чист воздух. Децата имаат право на здрава животна средина. Aерозагадувањето е еден од главните фактори за смртност кај децата. Алергии, астма, бронхит и низа други респираторни болести, ова се само дел од последиците по здравјето на младиите како резултат на енормно загадениот воздух. Загадувањето на воздухот е еден од главните фактори за смртност кај децата. Со загадувањето, на децата им е нарушено најелементарното право на живот. Секое второ  дете се лекувало од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух.Загадувањето на воздухот, животната средина и природата е кривично дело и за последиците по здравјето на децата треба да одговараат сите кои на директен начин придонеле и се одговорни за состојбата, истакна Драги Змијанац, претседателот и основач на Првата детска  амбасада  во  светот Меѓаши.

Во Мировниот марш, со свои активности ќе бидат вклучени и ученици од основните и средните училишта од повеќе градови, а поддршка даваат и општините.

Од Коалицијата О2 потенцираат дека загадувањето  во  Македонија  се  должи  на  многу  причини,  од  кои  главните  се: противзаконското  работење  на  индустриските  погони  (без  инсталација  на  соодветни филтри  и  без  придржување  до  пропишани  стандарди),  непланското  уништување  на урбаното  зеленило,  незаконската  и  агресивна  урбанизација,  неспособноста  за управување  со  отпадот,  застарените  решенија  за  транспорт,  греење  итн.

– Иако  според  Уставот  на  РМ  здравата животна средина му е загарантирана на секој граѓанин на нашата земја, во последниве години  сите  сме  сведоци  дека  во  реалноста  не  е  така.  Сите живееме заедно во оваа мала  земја  со големо загадување, и без оглед на сите разлики, воздухот ни е можеби единствената заедничка спојка и токму затоа треба постојано да инсистираме на севкупно подигнување на еколошката свест. Бидејќи проблемот е директно поврзан со здравјето и наједноставно се работи за живот или смрт – посочуваат организаторите пред утрешниот марш.

Коалиција О2 Марш за чист воздух
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

ВЕСТИ October 22, 2025

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во…

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

October 21, 2025

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.