Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре започнува Балкански поетски камп за млади “Ванчо Николески”

0
By Marija Todorovska on August 21, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 21, 2025 13:49
Во организација на Друштвото за култура и литература “Мацково”, од Охрид, утре напладне, во ЦОУ “Ванчо Николески”, во Лескоец, Охрид, започнува традиционалната манифестација – Балкански поетски камп за млади “Ванчо Николески”.

Професорите и учениците, по традиција, подготвуваат културно уметничка програма за своите драги гости, годинешните учесници од Србија, Турција, Албанија, Грција и Македонија, по што, заедно, во Алејата на заслужните на “Градските гробишта” во Охрид, ќе положат цвеќе на вечното живеалиште на Николески.
Традиционалниот прием во општина Охрид, инаку, финансиски покровител и поддрржувач на манифестацијата, ќе им го приреди претседателот на Советот на општинста,професор Стевчо Божиноски.
Манифестацијата е под формален патронат на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, со седиште во Верона, Италија.
Вториот ден, сабота, учесниците ќе бидат пречекани од етничките Македонци во блиските соседни земји, додека, во Глобочани, кај Пустец, ќе имаат час и разгледување на “Спомен домот” на прославениот албански прозен автор од македонско потекло, Стерјо Спасе.
Последниот ден, недела, ќе бидат гости на мештаните од Црвена Вода, каде им се приредува закуска со селски специјалитети, ја разгледуваа “Спомен собата” на Ванчо Николески, а пред неговата родна куќа, им се доделуваат Повелбите за учество.
Младите литерати, за цело време, ќе бидат под креативната грижа и поука од страна на нашиот познат автор и педагог, професор – др Христо Петровски.
Во рамките на воспоставената традиционална соработка, учесниците, ќе бидат во можност да ги следат манифестациите на Струшките вечери на поезијата.
Годинава, гости на манифестацијата се и група нашинци кои живеат во Австралија, а кои, исто така, го слават името и делото на Ванчо Николески, за што, пошироки информации ќе добијат од страна на познатиот македонски активист, Наум Трајчески, поет и претседател на Македонското Литературното друштво “Ванчо Николески” од Квинбијан.
ванчо николески камп Охрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.