Првата средба на членовите на Комисијата за случувањата во Собранието на 24 декември ќе се одржи утре во Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.
Во работата на оваа комисија покрај претседателот Борче Давитковски ќе учествуваат и професорите Рената Десковска-Тренеска и Љубомир Данаилов Фрчкоски, предложени од СДСМ, и пратениците Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Првата средба ќе се одржи со присуство на претседателот Ивано.
Комисија која треба да утврди дали за време на случивањата пред и во Собранието на 24 декември минатата година бил прекршен Уставот.
Формирањето на Комисијата е само дел од политичкиот договор од 1 март меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кој беше постигнат со посредство на еврокомесарот Штефан Филе и европратеникот Ричард Ховит, со што ќе започне процесот на имплементација на обврските преземени со овој договор.