Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утврден редоследот на гласачките ливчиња за избор на градоначалници на Центар Жупа и Маврово-Ростуше и за членови на Советот на Тетово

0
By Mirjana on July 25, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го утврди распоредот на кандидатите на гласачко ливче за изборот на градоначалници на општините Центар Жупа и Маврово-Ростуше, како и за членови на Советот на Општина Тетово, преку влечење на жрепка од страна на овластените претставници на партиите и групите избирачи.

Под број еден на гласачките ливчиња ќе бидат кандидатите за градоначници на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, под број два на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а под број три на Демократска партија на Турците во Македонија (ДПТМ).

На гласачкото ливче за избор на членови на тетовскиот општински Совет под бројот еден ќе биде листата на коалицијата предводена од СДСМ, а под бројот два на ВМРО-ДПМНЕ. Под бројот три е ДПА, под четири е Политичката партија ИНТЕГРА, а под бројот пет Група избирачи Агрон Заими.

Под бројот шест е Алтернатива, под седум е листата на Алијансата за Албанците, а под бројот осум е Движењето БЕСА. Листата на ДПТМ ќе биде под бројот девет, а Групата избирачи Елмедина Абдулаи ќе биде под бројот 10.

Листата на ДУИ ќе се најде на кандидатското ливче под бројот 11, на Партијата за целосна еманципација на Ромите под број 12, а на Левица ќе биде 13-та.

Исто така, на денешната седница преку влечење на жрепка беа утврдени и локации на рекламни паноа и билборди за политичко рекламирање за избори за градоначалник на општините Центар Жупа, Маврово и Ростуше

гласачко ливче Дик ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ЦЕНТАР ЖУПА И МАВРОВО РОСТУШЕ УТВРДЕН РЕДОСЛЕД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.