Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Узунов до власта: Бевме во право за буџетот

0
By Нова ТВ on August 13, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај сите укажувања на опозицијата и на независните експерти, и покрај непобитноста за лошата економска состојба на македонскиот бизнис, а истото важи и за социјалната положба на граѓаните на РМ, Владата продолжува со својата погрешна економска политика и со очајните и кукавички обиди, преку погрешни мерки на политиката кои се штетни за граѓаните, да настојува да го подобри сопствениот политички рејтинг, истакна пред новинарите Ванчо Узунов, Потпретседател на СДСМ. Еве ги ги последните три докази за тоа тврдење:

1. После „крстосувањето“ на половина од земјината топка, и по потрошените (веројатно) милионски суми во евра – самата влада никогаш не излезе со пресметка за цената на чинење на тнр. „роуд-шоус“ – владата уште еднаш само најавува дека можеби ќе дојдат странски инвеститори, и дека со нивните пари ќе се подобри вработеноста во државата;
Иако дури и за едноставно набројување на сите држави и градови кои само во оваа година ги посети многубројна делегација со цел привлекување на странски инвеститори е потребна посебна прес-конференција, а да не говориме за тоа колку пари чини само едно такво „патување“, ние сега добиваме само уште едно ветување.

2. По неуспехот на широко-рекламираниот и „елитен“ проект на Владата „Купи куќа, купи стан“, сега, единствено заради негово спасување и заради подобрување на рејтингот на владата, таа прави измена на правилата на проектот, со кои на корисниците на буџетски средства им ги опростува парите кои ќе ги добијат како „кредит“;
Така, прво, граѓаните се ставаат во крајно нерамноправна положба – некои се нето добитници, а некои се нето губитници;

И второ, ако претпоставиме дека ќе има 500 корисници на финансиска поддршка од по 9.200 евра и 500 корисници на поддршка од по 15.000 евра, со тоа владата ќе направи дополнителен долг од над 12 милиони евра, кој ќе треба да се враќа во наредните 5 години! Која е реалната вредност на тој проект за оние граѓани кои само ќе ги враќаат тие пари?

3. Вчера, самиот Министер за финансии отворено призна, дека буџетот до крајот на годината ќе се остварува со поголеми тешкотии! Но, бидејќи ликвидноста на буџетот, сега за сега, се уште „не заглавила,“ владата нема намера да преземе нешто во таа насока.

Еве што предлагаме Владата да направи во однос на наведените аспекти:

1. Наместо фокусирање исклучиво кон „очекувано“ привлекување на странски инвеститори кои треба „да нè спасат“, владата треба да се насочи пред сè кон домашните бизнисмени и инвеститори – и микро, и мали, и средни и големи; неопходно е да се подобрат условите за нивно работење (иако владата тврди дека тоа е направено, фактите очигледно говорат спротивно), како и условите за нивно инвестирање (но не само преку намалување на каматните стапки).

Да повториме уште еднаш – странските НЕ може да бидат замена за домашните инвеститори!

2. Наместо очајнички да бара пари „по белиот свет“, Македонија има на располагање големи износи на средства од предпристапната помош на ЕУ. Реално, доколку за искористувањето на тие средства владата вложеше исто толку време, напор/енергија и пари колку за привлекување на странски инвеститори, Македонија денес со сигурност ќе беше способна за искористување на постојните/сигурните (а не очекуваните) пари од ЕУ. Плус, таа способност дополнително многукратно ќе се исплати и во иднина!

3. Во однос на популистичката поддршка на социјално загрозените граѓани (со наведениот проект „Купи куќа, купи стан“), Владата треба да знае дека граѓаните повеќе сакаат да добијат услови и можности самите да си го решаваат своите прашања, вклучително и станбеното прашање, а не да чекаат некој друг да го направи тоа за нив, на кого ќе треба да му бидат и должници; затоа, за трајно и одржливо решавање на социјалните проблеми, владата треба да создаде услови за вработување, на работни места кои ќе бидат (по)добро платени; тоа, за седум години власт, оваа влада требаше барем да го започне!

4. Во однос на остварувањето на буџетот до крајот на годината – крајно време е владата да прифати (и признае), дека парламентарната опозиција беше во право кога, при донесувањето на буџетот на крајот на минатата година (настаните пред и на денот наречен „црн понеделник“), бараше штедење и скратување на буџетот за неоправданите расходи во владиниот Предлог-буџет;

Исто така, ја повикуваме владата уште еднаш да размисли и на почетокот на наредниот месец да предложи ребаланс на буџетот! Кога ќе стигнеме до моментот буџетот да стане неликвиден – ќе биде прекасно да се реагира.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.