Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Узунов: ВМРО ДПМНЕ почна да копира дел од мерките на СДСМ

0
By Нова ТВ on March 3, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема своја автентична политичка понуда. Затоа копира мерки од Програмата на СДСМ. Односно, откако прво набедуваше дека наводно биле нереални и неостварливи, потоа ВМРО ДПМНЕ почна да копира дел од мерките на СДСМ и да ги промовира како свои, рече денеска Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ.

– Наместо во интерес на граѓаните, да ги примени во целост, така како што ги дефинираше СДСМ, Владата во стилот на своето манипулативно владеење ги видоизмени мерките. Од ова однесување на власта штета имаат граѓаните.

-На пример, мерката на СДСМ за поврат на 15 проценти од ДДВ кон граѓаните, Владата ја искриви во лото. Така, наместо да добиваат сите што плаќаат данок, со измислицата на владата сега добиваат само неколкумина. А примената на мерката на СДСМ за поврат на дел од ДДВ кон граѓаните, само за декември, ќе значеше 10,5 милиони евра пари во рацете на граѓаните. Само во еден месец.

– Втор пример, мерката на СДСМ за враќање на персоналецот од плата на сите вработени кои имаат плата до 12.000 денари. После обидот за нејзино омаловажување, владата ја искористи како намалување на давачките само при новите вработувања. Така, наместо повторно да добиваат сите посиромашни граѓани – што е целта на СДСМ за враќање на средната класа – сега ќе добиваат само евентуалните работодавачи на млади луѓе.

– Трет пример, откако СДСМ предложи насочување на инвестициите кон изградба на патишта и друга инфраструктура, после осум години лошо владеење, владата „се сети“ дека не требало да се градат само споменици, па дури сега, пред избори најавува инвестиции.

– Четврт пример, откако СДСМ предложи мерки за вработување на млади лица преку субвенционирање на давачките од плати за нив, владата „се сети“ на истата мерка, ја ископира во целост, со тоа што зборот субвенционирање го замени со ослободување, истакна Узунов.

Тој посочи дека има и клучни мерки на СДСМ кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ не сака да ги примени. На пример, мерката на СДСМ за реформирање на казнената политика, преку намалување на прекршочните казни за 50 проценти. Тоа не се вклопува во концептот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? Па од каде тогаш оваа влада ќе го полни буџетот? Затоа, таа мерка не ја копираа и нема никаква намера да ја примени ниту видоизменета.

Истото се однесува и на мерките на СДСМ за праведно оданочување (помал персонален данок од доход за посиромашните граѓани), укинување на екстерното тестирање на учениците, враќање на демократијата, владеењето на правото и воведувањето на вистинска а не фингирана отчетност и одговорност на власта, како и редица други мерки, рече потпретседателот на СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.