Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

В недела коктел од домашни вкусови во Паркот на Франкофонијата, фестивал на биодиверзитетот по третпат

0
By Соња Крамарска on June 16, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 18 јуни (недела), од пладне до вечер, (12- 20ч), во Паркот на Франкофонијата во Скопје, по 3-ти пат ќе се одржи Фестивалот на биодиверзитет: Коктел на вкусови, што го организира Слоу Фуд Водно со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Овој настан го афирмира домашното производство на храна кое станува бесценето во трката за храна која полека се наметнува во светот под налетот на климатските промени, економската и безбедносната криза.

Слоу фуд Македонија во своите редови ги има најдобрите производители кои ја бранат агендата поврзана со автентичната храна: ќе има околу 40 изложувачи од цела Македонија, од кои 21 од Скопје.
Овој пазар за храна на локалните производители вклучува и презентации, алкохолни, вински  и пивски дегустации и секако- убаво дружење цел ден во најубавиот дел на Дебар маало.
На настанот ќе бидат презентирани сите можни вкусови, благо, солено, луто: гастрономски деликатеси во тегли, пинџур, џем, слатко, намази, се природно, со вкусови што ќе ве вратат во детство, потоа- традиционалните козји, кравји и секакви сирења, сувомеснати производи сушени на дрва.. Ако не сте го запознале вкусот на тартуфите ова е можност да се вљубите во некој од производите на оваа чудесна печурка, да вкусите органско масло од лешник, природни сокови, масла, домашни ракии, занаетчиски пива, вина од мали семејни винарии…
Звучи примамливо, но сите овие производи не се само поезија и пејзаж, туку економија, грижа за почвата, планинските и маргиналните области, обнова на напуштените земјишта, велат од организацијата Слоу фуд Македонија.
Освен дегустација на производите кои ќе можат и да се купат, во програмата на фестивалот ќе има претставување на крафт пиварии, најдобрите коктел мајстори ќе приготвуваат коктели од пијалоци на локалните производители а најмладите ќе имаат катче со работилница од програмата на проектот Училишни градини на Слоу Фуд.
Резервирајте ја недела (18 јуни) за себе и за луѓето што ги сакате: да си ги освежите сеќавањата поврзани со локалната храна, за да ја наполните душата преку средби со македонските производители на храна и алкохолни пијалоци, добра музика и презентации, порачува организаторот.

Парк на франкофонијата Скопје Слоу фуд Водно фестивал на биодиверзитетот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.