Министерството за надворешни работи на РМ и Францускиот институт во Скопје и оваа година организираат тениски дипломатски турнир, што ќе се одржи в сабота, 6 октомври, од 9 часот, на терените во тенискиот клуб „Евросет“ (ул. Скупи, бб).
Секоја година, Министерството за надворешни работи на РМ и Дипломатскиот тениски клуб традиционално го организираат овој турнир. Ова издание ќе биде во знак на 25-тата годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Франција и Македонија. Настанот е поддржан од „Зегин“, Peugeot Македонија и „Тиквеш“.