Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вакцини има, но не за сите деца !

0
By Менче Атанасова Точи on January 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Четиринаесет месечната Ева е родена пред време со само еден килограм и 700 грама, но и покрај тоа не добила шанса да прими вакцина која не предизвикува компликации и е наменета токму за предвереме родените и децата со нарушено здравје обвинува нејзината мајка Лили Величковска. Овие триваленти прочистени вакцини во ограничен број ги има на Клиниката за детски болести, а на кого ке се дадат одлучува посебна лекарска комисија.

-Пет-шест месеци чекав и на крај ништо не неправивме. Но јас пак закажав уште еднаш, иако бевме одбиени од стручен тим. Пак закажав кај докторката, но таа рече не и не, мене ќе ме избркаат од работа. За што да ја избркаат од работа затоа што сакам да вакцинирам дете кое е родено во 31-вата недела со еден килограм и 700 грама изјави револтирано Величковска. По безуспешно тропање од врата на врата,откако категорично била одбиена од клиниката, Ева со задоцнување од една година ја примила обичната ди-те пер вакцина која предизвикува висока темаратура, вознемиреност, но и разни компликации . Лили обвинува дека многу деца кои се предвреме родени или имаат здравствени проблеми немаат можност да ги примаат овие вакцини, бидејки со помош на ургенции голем дел од нив, се даваат на здрави деца.

-Јас можам да земам цела листа од поликлиника Јане Сандански каде што ги нема децата на вакцина да дојдат здраво родени, термински родени деца,а имаат примено на детска клиника.Во една прилика со една медицинска сестра од детската клиника, кога ја прашав добро за кого се овие вакцини, таа изреволтирано ми одговори: за деца на бизнисмени,на политичари, глумци, на пеачи вели Величковска, мајка на малата Ева.

Еве сега одиме на детската клиника за да се сретнеме со директорката, изворно од неа да дознаеме како се делат овие вакцини на клиниката и дали има доволно за сите деца.
Директорката Аспазија Софијанова екслузивно за НОВА ТВ открива дека овие вакцини ни одалеку не ги задоволуваат потребите на сите деца кои имаат потреба од нив.
На Клиниката з а детски болести годишно се набавуваат петстотини дози од овие вакцини, но тие не се доволни ниту за третина од децата кои имаат потреба од нив.
Но, Софијанова признава дека има големи притисоци и ургенции за овие вакцини..

-Веќе кога ќе почнат да притискаат, мене ми е дури и непријатно знаејќи дека имаат предност деца кои поминале низ интензивна нега или имале некој проблем, се наоѓам во непријатна ситуација.
Кој најмногу притиска, некој што има поголема моќ или познати јавни личности?

-Па,сега знаете како, секогаш било и ќе биде и во светот и кај нас и во оние високо развиени земји има такви кои што имаат одредена повисока моќ, меѓутоа тоа е тоа.
Секој има право на тоа, на крајот на краиштата, на крајот од денот секој го има тоа право и јас сакам да им го дадам на сите деца во државата изјави директорката Аспазија Софијанова.
Софијанова потврдува и дека комисијата не се состанува редовно, но и дека прават напор да се обезбедат поголема количина на вакцини со помош од странтсво.

-Овие вакцини практично не прават компликации, нешто со што се соочуваме ние на клиниката, компликации кои што знаат редовните вакцини да ги дадат, тоа е пред се температурата која што знае да биде извонредно висока и може да даде последици за понатаму. Тоа е од една страна, од другат страна може да даде вознемиреност, локална реакција на местото на ставање на вакцината, понатаму може да даде и други компликации кои што се пропратени со вознемиреност, самото дете одбива да јаде и слично. Имавме случај скоро кога детенце повраќаше толку често што дури повраќаше желудечна содржина, немаше што веќе да повраќа. Значи имате различни типови на компликации кои се асоцирани од овие редовни вакцини објаснува Софијанова.

Македонија е единствена земја во Европа каде децата сеуште се вакцинираат со обични вакцини кои се одамна исфрлени од употреба. Дури и во Косово и Албанија бебињата ги вакцинираат со пет и шест валентни вакцини, кои со едно боцкање штитат од повеќе болести и не предизвикуваат несакани реакции. Кај нас, тривалентните вакцини сеуше се сметаат за ексклузивитет и нив неможат да ги добијат сите деца. Од министерството за здравство не одговорија дали планираат да набават од современите вакцини или и годинава буџетот за оваа намена ке биде скратен како лани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.