Српските медиуми денеска ја соопштија информацијата дека на институтот „Торлак“ во Србија отпочна производството на руската вакцина „Спутник В“, а ваквата информација преку соопштение ја потврдил и Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ).
Со тоа, Србија стана првата држава во јужна Европа која ќе произведува „Спутник В“. Производството во Србија е во согласност со најстрогите стандарди“, се вели во соопштението од фондот.
Директорот на рускиот фонд, Кирил Дмитријев истакнал дека од почетокот на оваа година вакцината „Спутник В“ активно се користи за вакцинација на луѓето и благодарејќи на започнувањето на локалното производство, обемот на вакцинација ќе биде значително зголемен.
Со производството на вакцината во Србија се отвора можноста во иднина таа да може да се извезува во земјите од регионот, велат од фондот.