Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вакцините се на пат кон земјава, тврди СЗО – дозите од „Фајзер“ стигнуваат во февруари, вели Филипче

0
By Нова ТВ on January 14, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вакцините се на пат. Потребни се многу подготовки кои треба да се направат, работиме врз научна методологија која се базира на безбеднст и сигурност и вакцините прво ќе ги добијат приоритетните групи граѓани, како што тоа е случај во сите држави во светот, вели шефицата на канцеларијата на СЗО во земјава, Џихан Тавила.

Таа уверува дека Влдата и државата прават се што е во нивна моќ секој во оваа држава да биде заштитен и апелира да не се прават споредби со државите од регионот каде веќе се даваат вакцини.

„Ситуацијата во секоја држава е различна и овие вакцини се за итна употреба, а не е дел од регуларната пратка вакцини кои се наменти за пазарот. Потребни се сериозни анализи од институциите и владата за да биде користена вистинската вакцина“, рече Тавила, одговарајќи на прашањето зошто Косово и Албанија веќе добија вакцини, а Северна Македонија се уште не.

На забелешката дека Ковакс системот не функционира и дека земјите кои треба да добијат вакцини преку него се уште немаат ниту една доза, Тавила рече дека не знае врз основа на што се излекуваат вакви заклучоци, но знае дека вакцините ќе пристигнат во скоро време.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека веќе се резервирани дозите за земјава во „Фајзер“ и се очекува првите количества да пристигнат идниот месец.

„Целиот овој изминат период интензивно комуницираме со компанијата ‘Фајзер’ поради тоа што во овој момент таа е единствената компанија што ги има добиено потребните дозволи за итна употреба на нејзината вакцина од двете најзначајни регулаторни тела, а тоа се Американската агенција за лекови (ФДИ) и од Европската агенција за лекови (ЕМА)“, додаде Филипче.

Истовремено во изминатите неколку дена има информација од КОВАКС системот дека и тие вакцини ќе стигнат во февруари, а во меѓувреме можно е некои од земјите со кои Владата разговараше – како Австрија, Бугарија, Полска и Грција да одделат некоја количина од своите.

Како причина зошто тоа досега не профункционирал тој систем на европска солидарност, Филипче рече дека е малата количина што и тие самите ја добиле – некаде десетина од планираната поради капацитетот на производство.

Со зголемувањето на производството на „Фајзер“, но и производството на другите компании што се дел од КОВАКС системот, тој смета по февруари дистрибуцијата на вакцини ќе биде со поголема динамика.

На прашањето дали граѓаните ќе можат да избираат која вакцина ќе ја примат, Филипче рече дека сите вакцини што ќе ги донесеме во земјава ќе бидат соодветно сертифицирани и безбедни, а согласно планот за дистрибуција ќе биде направен и планот за вакцинирање.

извор: 360степени.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.