Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вакцините со „технички пропуст“ во декларацијата ќе се уништуваат во Дрисла

0
By Менче Атанасова Точи on January 24, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) денеска ќе предложи до Комитетот за имунизација, 624 вакцини против морбили на кои имаше погрешни декларации, со истечен рок,  да бидат уништени. Од МАЛМЕД за НОВА потврдија дека ќе побараат од веледрогеријата „Македонија лек“ да ги уништи спорните вакцини во Дрисла.

„ Овие вакцини се прогласени за неисправни според законската процедура и најверојатно ќе бараме нивно уништување. Спалувањето на вакцините е заради техничката грешка со декларацијата, а не заради тоа што се неисправни“, велат за НОВА од МАЛМЕД.

На прашање на НОВА дали техничкиот пропуст е во надлежност на Агенцијата за лекови, од таму велат дека тоа е одговорност на веледрогеријата која ги набавува и дистрибуира вакцините и тоа е се во делот на Министерството за здравство и самата веледрогерија.

„Ние сме одговорни само во делот на договорите, дозволите и го следиме ладниот ланец“, велат од МАЛМЕД.

Од Агенцијата велат ќе бараат максимална казна за „Македонија лек“ која изнесува од 25 000 до 50 000 евра.

Од Министерството за здравство се уште не соопштуваат кој се ќе понесе одговорност во Здравствените домови и пунктовите за вакцинација каде што вакцинирале деца без да видат рок на траење на декларациите, како и кои директори ќе понесат одговорност.

Од Комитетот за имунизација велат дека целата одговорност е на МАЛМЕД во врска со вакцините. Од таму смируваат дека и покрај техничкиот пропуст вакцините се исправни и со добар рок.

Во врска со ситуацијата со морбили засега ситуацијата се смирува, а велат дека вакцини има доволно додека да бидат испорачани други, од новиот тендер.

„Имавме 16 453  вакцини, а сега со новата серија од истиот тендер од 2016 година имаме уште 10 000 вакцини што се сосема доволно додека стигнат вакцините од новиот тендер“, велат за НОВА во Комитетот за имунизација.

Инаку, последен случај на заразен со морбили е здравствен работник од тетовско кој што работи во Скопје. Случајот бил забележан минатиот петок, а лицето  сега се наоѓа на домашно лекување.

Според информациите на Институтот за јавно здравје до се пријавени 75 сомнителни случаи  со мали сипаници. По направените епидемиолошки истражувања и лабораториски резултати, 65 се класифицирани како мали сипаници.

Вкупно досега се вакцинирани 3913 лица. Во моментов на Клиниката за инфективни заболувања има 21 пациент со морбили,  а на домашно лекување се наоѓаат тројца заболени.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.