„Го поздравувам билатералниот протокол потпишан меѓу Бугарија и Северна Македонија“, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
Според Вархеји, ова создава услови чешкото претседателство со Советот на ЕУ да ја свика првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија со цел да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
Првата меѓувладина конференција е закажана за утре.
„Европа оди напред!“, заклучува Вархјеи во својот твит. (Р.Н.)