Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вашингтон: САД ветија дека ќе ја заштитат територијата на НАТО по нарушувањето на полскиот воздушен простор

0
By Zoran Ivanov on September 13, 2025 СВЕТ, ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

САД пред Советот за безбедност на ОН потврдија дека ќе „ја заштитат секоја педа од територијата на НАТО“, по наводното руско навлегување во воздушниот простор на Полска.

САД ги поддржуваат своите сојузници од НАТО пред овие вознемирувачки нарушувања на воздушниот простор, изјави вршителот на должноста постојан претставник на САД во Светската организација, Дороти Ши, пред 15-членото тело.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека наводното навлегување на дронови од Русија во Полска можеби било грешка.

Ши, исто така, истакна дека Русија ги засилила своите бомбардирања против Украина откако Трамп се состана со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска, како дел од неговиот обид да посредува за ставање крај на војната во Украина.

Овие дејствија, со тоа што сега се додава и нарушувањето на воздушниот простор на сојузник на САД – намерно или не – покажуваат огромно непочитување кон добронамерните напори на САД да стават крај на овој конфликт, рече Ши.

Полска во средата собори дронови во својот воздушен простор со поддршка од авиони на сојузниците од НАТО. Ова е прв случај членка на западниот воен сојуз да пука за време на војната на Русија во Украина.

Постојаниот претставник на Словенија во ОН, Самуел Жбогар, изјави пред Советот за безбедност дека „ова се агресивни и опасни дејствија, бидејќи тешко е да се замисли дека толку многу дронови прелетале толку длабоко над полска територија, без намера“.

Русија изјави дека нејзините сили ја нападнале Украина за време на навлегувањето на дроновите и дека немала намера да гаѓа цели во Полска.

 

 

заштити Полска САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

ВЕСТИ November 15, 2025

Во организацијата на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е…

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.