Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ваучери за 10.000 домови да го заменат токсичното греење со инвертери

0
By Нова ТВ on October 9, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

АД ЕСМ ќе одвои 10 милиони евра односно 618 милиони денари за имплементирање на еколошка мерка за субвенции за набавка на инвертер клими за домаќинствата во Скопје, Битола, Тетово и Кичево, како најпогодени од загадениот воздух, кои се греат на дрва, јаглен и фосилни горива со висока емисија јаглерод диоксид и штетни ПМ честички, како што е нафтата.

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција информира дека оваа мерка ќе опфати најмалку 10 илјади домаќинства и тоа во Скопје 5.200, во Битола 2.500 домаќинства, во Тетово 1.500 и во Кичево 800 домаќинства. Предност ќе имаат домаќинствата со месечни примања до 30 илјади денари.

– Секое домаќинство опфатено во оваа фаза ќе располага со 1.000 евра во денарска противвредност за набавка на ефикасен инвертер, изјави Заев.

Тој додаде дека овој еколошки проект, заедно со другите, кои ќе бидат преземени за целосно справување со загадениот воздух, имаат за цел во наредните три години да биде целосно елиминирано користењето на печки на тврди и фосилни горива.

Надзорот на реализацијата на оваа мерка ќе ја врши владина Комисија, во која ќе членуваат претставници и на најмалку две НВО, а општините ќе бидат задолжени за 100 процентна контрола на оние домаќинства кои ќе ги добијат субвенциите.

Компаративната анализа на вкупните трошоци на греење на површина од 60 метри квадратни покажува дека со греење со инвертер ќе чини 11.734 денари, со дрва 18.586 денари, со пелети 26.010 денари, а со нафта за домаќионство 43.038 денари.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев посочи дека единствен услов за домаќинствата е да дадат изјава дека повеќе нема да користат дрва и фосилни горива и да го вратат грејното тело кое досега го користеле, а кое ќе биде однесено во легален отпад. За сметка на тоа, истакна, ќе добијат вредносен бон да можат да купат инвертер.

– Ова секако не е замена за гасификацијата, бидејќи регионите во Скопје посебно, а веќе и во Битола се детерминирани да имаат пристап до топловодна мрежа и понатаму ќе ги стимулираме да се развиваат на топловодна мрежа. Оние кои имаат пристап до гасификација ќе се развиваат на гасификација, но има анализи кои покажуваат дека најекономично е одредени региони кои во моментот значително загадуваат да се развиваат на принцип на имплементација на инвертер клими за греење, изјави на денешната прес-конференција Анѓушев.

Тој додаде дека во своето 2,5 годишно работење АД ЕСМ покажало одлични резултати , не се покачила цената на електричната енергија, а ЕЛЕМ направило добивки од 43 милиони евра акумулирани добивки, а двојно повеќе акумулирани ликвидни средства.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини најави дека ќе се продолжи со овој проект и во останатите градови каде загадувањето е големо. Тој предупреди дека импелементирањето на оваа мерка не значи дека ќе се прескокне мониторингот на индустрискиот сектор, туку ќе се продолжи со поголема контрола на индустриските објекти.

Според заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, кој повтори дека сите студии покажуваат оти главниот извор на загадувањето доаѓа од домашното затоплување, на една грејна сезона во Скопско се трошат 317 илјади тони дрва, а во Северна Македонија е 1.100.000 кубни метри дрва што се трошат, од кои 40 проценти од тоа се од нелегална сеча. Во таа насока тој најави дека ќе се зајакнуваат капацитетите на шумската полиција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.