Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вчера имав една случка со возач на ЈСП – се изнервирав скроз

0
By Zoran Ivanov on June 27, 2025 ИЗБОР, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До ЈСП, ако прочитате за случкава. Дај бре луѓе кажете им на шоферите да застануваат барем по 10 секунди на станица. Барем сега кога е лето автобусите не се закочени во сообраќај, градот е полу-празен и НЕ му одзема време на шоферот да застане, да погледне, да се качи некој што е отиден под сенка. Што е толку тешко, а?

Бојан Шашевски

Пак. Чекав попладнето „5ка“ на автобуската станица на „Гологанов“ близу „Олимпико“, во насока накај центар.

Чекав веќе 15-ина минути на сонце и веќе препотен цела маица утоп, се преместив на најблиската сенка што доаѓаше од билборд. Тоа беше на 20-30 метри од станицата.

Стоев таму 2-3 минути и еве го поминува автобусот. Тргнав по него, но НЕ застана на станицата, само профуче, иако од зади му свикав и трчав по него.

Се изнервирав скроз. Ова не е прв пат да не ми застане. Ама, сега болеше многу повеќе затоа што бев преморен, убиен, испотен, надвор од себе.

Одма земав телефонот да викнам такси, со цел да тргнам по автобусот, да го претркам, да го фатам некаде во центар, за да се соочам со возачот. МОРАВ да му кажам неколку работи во очи, едноставно морав. Десетици пати сум се јавувал, оставал пораки по сајт на ЈСП, по Фејсбук, секаде. Ама, ништо не е така важно како соочување очи во очи.

И, фатив телефонот, свртев такси… кога од никаде до мене застана човек со мотор.

-Ајде, качувај се, ќе ти помогнам да го фатиш!

Надреално, ама навремено. Човекот изгледа ме видел и слушнал како викам по автобусот, откако ми побегна.

Се качив и фатив одзади на моторот. Тргнавме. Возиме по „Гологанов“. Автобусот застана на неколку станици, така да имавме предност да стигнеме пред него.

Го престигнавме кај Млечен. Застанавме на автобуската. Стоп. Се симнувам набрзинка. ФАЛА НА НЕПОЗНАТИОТ ХЕРОЈ НА МОТОРОТ! Ако прочита, вечно благодарен за гестот.

Веднаш влетав во автобусот. Се упатив напред, на возачко место. Битно ми беше да му кажам неколку зборови на шоферот.

-Зошто не застана на автобуската кај „Симпо“?!

-Па, немаше никој на автобуската и поминав.

-Како немаше, јас бев одзади, кај билбордот?!

-Дечко, може не сум те видел, треба да стоиш точно на станицата.

-Да стојам на 50 степени на станицата?! Ти, не можеш ли да застанеш 10 секунди, за да се качам?! Не ли ти е тоа обврска? Плус, ти свикав, трчав по тебе 50-ина метри. Не ме зареза. На толкава топлина, на жешко, да ме оставиш таму – не е ОК.

-Дечко, и мене ми е жешко и тешко.

-Друже, ти си јавен сервис, тебе ти е делокруг на работа да застануваш на станици! Работиш за граѓани, која е поентата на автобусот, на твојата работа, ако не застануваш?!

До ЈСП, ако прочитате за случкава.

Дај бре луѓе кажете им на шоферите да застануваат барем по 10 секунди на станица. Барем сега кога е лето автобусите не се закочени во сообраќај, градот е полу-празен и НЕ му одзема време на шоферот да застане, да погледне, да се качи некој што е отиден под сенка. Што е толку тешко, а?

НЕ е издржливо по сонцево да се млатиме, не е ни фер. Па, уште да ни бегаат вашите возачи? Ајде бре!

Плус, ако сметате дека МОРА во моментот на поминувањето на автобусот да се чека на самата станица (значи во тие 2-3 метри внатре), тогаш направете бе ПОГОЛЕМА ЗАШТИТА и СЕНКА на станиците. Мислете на сите годишни времиња. Мислете на патниците, оние за кои треба да работите, да ги опслужувате и да ја вршите вашата јавна дејност.

Или, која е поентата на вашата служба?

Опрајте се!

Од Фејсбук ѕидот на авторот

белешка бојан шашевски ЈСП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.