Интернет страницата на американската Агенција за национална безбедност (НСА) неколку часа беше недостапна поради „техничка грешка“, соопшти агенцијата.
Страницата nsa.gov беше недостапна неколку часа, а на социјалните мрежи се појавија информации дека станува збор за хакерски напад.
Сепак, портпаролт на НСА ги отфрли ваквите информации, нагласувајќи дека страницата не била достапна поради „внатрешна грешка што се појавила при редовно ажурирање“.
– Тврдењата дека станува збор за хакерски напад не се точни, изјави портпаролот.