Црната комедија „Изгубени Германци“ по текст на Дејан Дуковски вечерва во 20 часот ќе биде премиерно изведена во Македонскиот народен театар. Режијата е на Слободан Унковски.
Материјата многу говори за нашиот сегашен миг како нација и како држава, вели Унковски.
„Изгубени Германци“ пред две години победи на конкурсот на МНТ за најдобар драмски текст. Дуковски почнал да го работи како филмско сценарио.
Претставата го собра дрим-тимот на македонскиот театар: Никола Ристановски, Тони Михајловски, Ѕвезда Ангеловска, Емил Рубен, Kамка Тоциновски, Јордан Симонов, Оливер Митковски, Сања Арсовска и гостинот од Драмски театар, Јовица Михајловски.
Kореографијата е на Невзати Kери, сценографијата на Виктор Михајлов, а дизајнот на костимите и целата идеја е на Бојана Никитовиќ од Белград. Таа е познат костимограф која има работено на холивудски продукции.
Следната претстава е во сабота на 9 февруари.