Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вејн Руни се пензионираше од репрезентацијата на Англија

0
By Нова ТВ on August 23, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Втор по број на настапи за фудбалската репрезентација на Англија и најдобар стрелец во историјата на англискиот национален тим – со овие факти, фудбалерот Вејн Руни ја заврши кариерата во дресот на Гордиот Албион, откако денеска најави пензионирање.

По летниот трансфер од Манчестер Јунајтед во клубот од детството Евертон, Руни ја започна сезоната на најдобар можен начин, постигнувајќи голови и асистирајќи на своите колеги од клубот од Ливерпул, и откако се најде на листата на играчи кои националниот стратег Герет Саутгејт ги повика за следниот меч на Англија, тој експресно најави повлекување од репрезентативниот дрес.

Вејн Руни има 53 погодоци во 119 настапи за Англија.

„Супер е што Герет Саутгејт ме повика неделава за да ми каже дека сака да се вратам во репрезентацијата за наредните два меча, навистина ми значи тоа. Но подолго размислував и го известив тренерот дека се повлекувам од националниот тим. Ова е тешка одлука за мене но за ова разговарав и со семејството и со мојот тренер во Евертон и сите блиски“, изјави Руни.

Како што вели тој, секогаш со гордост го носел дресот на Англија .

„Настапите за Англија секогаш беа специјални за мене. Секој пат кога бев одбран да играм или да бидам капитен, за мене беше привилегија и упатувам огромна благодарност за сите кои ми помогнаа. Ќе останам страствен навивач на Англија“, вели Руни во изјавата.

Дебито на Руни против Австралија

Англискиот доскорашен капитен дебито за својата држава го имаше во 2003 година против Австралија и оттогаш настапуваше на три Светски првенства и три Европски првенства во фудбал.

Никогаш во својата интернационална кариера не подигна трофеј, а најдобриот пласман со Англија му беше четврт-финалето во 2006 година на Светското првенство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот…

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.