Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велевски: ВМРО-ДПМНЕ ги остави лозарите на цедило

0
By Zoran Ivanov on August 6, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лозарите ја почнаа бербата во неизвесност, без утврдена цена, без поддршка и без одговори од Владата, стои во соопштението од СДСМ од теренска прес-конференција на Виктор Велевски, кандидат за градоначалник на Кавадарци.

ВМРО-ДПМНЕ ги остави лозарите на цедило, и покажа целосна негрижа за една од најважните извозни гранки во земјоделството и за целиот наш крај.

Иако Законот за вино, донесен во март 2024, обврзува Министерството за земјоделство до 15 јули да ја утврди производната цена за смедеревка и вранец – тоа не е направено.

И покрај тоа што новиот Закон за вино, донесен во март 2024, јасно налага дека Министерството за земјоделство до 15 јули мора да ја утврди производната цена за смедеревката и вранецот, која треба да биде минимум 25% поголема од таа цена, тоа не е направено.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го прекрши законот и не ја исполни оваа обврска.

Државата има обврска да обезбеди откуп по таа цена но токму државата не ги почитува своите закони. Наместо стабилност и фер услови, лозарите се приморани да продаваат под реална цена, што е директен удар врз егзистенцијата на илјадници семејства од Тиквешијата.

Ова е уште еден доказ за целосното непочитување на лозарите и нивниот труд од страна на ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот министер за земјоделство.

Па уште и се фали со „историска цена“, зголемена едвај за 0,50 денари. Тоа е навреда за трудот на лозарите.

Почитувани лозари,

Како кандидат за градоначалник на Кавадарци, сакам да знаете дека јас сум вашиот сојузник, вашиот глас и силен поддржувач.

Вашиот труд мора да се цени, вие мора да бидете заштитени.

Вие Знаете што значи вистинска поддршка. СДСМ никогаш не ве остави сами, го донесе законот кој ве штити, ги зголеми субвенциите, откупните цени.

Ако ја добијам вашата доверба, Кавадарци ќе има градоначалник кој гласно ќе застане зад вас, за фер услови, исплатливо производство и локални мерки преку општината, вели Велевски.

велевски ДПМНЕ лозари СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.