Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велибор Манев беше испитуван од Палчо

0
By Marija Todorovska on March 19, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешното судење за убиството на Вања и Панче, обвинетиот Велибор Манев беше испитуван од страна на обвинетиот Љупчо Палевски и неговиот бранител, адвокат Јовица Страшевски.

Одговарајќи на прашањата на Палевски, Манев наведе дека времетраењето на грабнувањето на Панче Жежовски било околу 40 минути, за време на кое, според неговото тврдење, Палевски ги уверувал дека „сѐ е во ред“. -Нѐ убедуваше дека сѐ е во ред, сѐ е таман, за после да седне на возачкото место на возилото од Панче и да нѐ спушти доле на паркингот, да стави гориво и да продолжиме спрема местото на земуницата, рече тој.

Прашан „како успеавте да видите како наводно сум во куќата и го земам телефонот на Панче додека го врзувате и носите Панче во гепек“, одговори дека телефонот на Панче бил пронајден на местото за кое дознал од Љупчо Палевски. -Лично видов дека влегува во внатрешниот дел на куќата, а откако ставивме гориво тогаш Палевски ни кажа дека телефонот го извадил од полњач и го фрлил во дол, рече Манев.

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува во понеделник откако денеска во Основен Кривичен суд Скопје беше сослушан Велибор Манев, еден од обвинетите. Манев денеска изјави дека се позн

Палевски поставуваше повеќе прашања во однос на временските рамки за извршување на активностите при што посочи на неколку искази на Манев, според кои, настаните не се опишани идентично. Одговорот на Манев за причината за ова беше дека тоа е поради состојбата во која ги давал изјавите во тие моменти.

-Првите две верзии што ги кажав, ги кажав во таква состојба за после тоа да ми се избистри главата комплет и да почнам да зборувам она што е вистина, па што сака нека биде понатаму, рече тој.

Во врска со настаните поврзани со убиството на Вања, обвинетиот Манев потврди дека бил присутен на локацијата и објасни дека, по извршувањето на делото,  за копањето на дупката биле користени алати кои подоцна биле фрлени. -Јас во моментот кога Љупчо Палевски ја уби Вања не бев сто метри далеку да разгледувам, бев на 10-15 метри подалеку од него кога го видов дека го носи перничето и пука. Потоа извади нови алати и нѐ натера да копаме дупка десетина метри од местото каде што ја уби и да ја закопаме, рече тој.

По подолга расправа, прашања и одговори во однос на различните искази, Манев повторно посочи дека „бев многу прашуван, веќе не знам што сум кажал“. Посочи дека откако стигнале на местото, како што рече „Љупчо Палевски ладнокрвно си запали цигара го отвори телефонот и тогаш кажа дека се дигнала џева на интернетот дека се бара Вања“.

Прашан како е возможно да нема траги од крв кога детето е убиено надвор од дупката, па подоцна е копана дупката, одговори дека детето било во вреќата.

-Пред да го преместиме детето беше во вреќа, вреќата ја извлече Палевски и ја фрли во колата на Панче Жежовски. Можно е самата вреќа да има капки крв на местото каде што ја уби, рече тој.

Потоа беше прашуван од адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски, во врска со тоа кој се возел во Цитроенот, а кој во другите возила. Прашан, ќе се согласите ли со мене дека снимките и службените белешки на службените лица од СВР Велес, според вашиот исказ, се неточни, одговори „колку што можам и знам на снимките се гледа дека во Рено Кангу има двајца, а во Цитроенот се гледа една личност, затоа што втората беше на задно седиште во сенка, во темниот дел на возилото на Панче Жежовски“.

Прашан „Зошто, ако при толку ќотек јадење признавате работи што не се вистина, а не кажавте на МВР и ОЈО дека еден од важните докази, тоа е алатот со кој што сте го закопале Панче, е кај вас дома“ одговори: -Јас мислам дека е земена лопатата за вештачење. Да ме прашаа во моментот со што сум закопувал, ќе кажев, рече тој.

Прашан дали откако го отворил гепекот Љупчо Палевски разговарал со Вања да ја испрашува чива е и која, одговори потврдно. -Да, Љупчо Палевски разговараше со Вања и точно наведе дека ги познава родителите, дедо ѝ на Вања и целата фамилија општо, рече тој.

Манев беше прашан и дали има видено потврда за одземени предмети, со што посочи дека добил известување за тоа што е одземено.

Во однос на прашањето дали смета дека  со ваквите исказ направил штета на истрагата и сега обвинетите, одговори дека смета дека направил грешка само кон Александар. -Свесен сум дека направив голема грешка изнудена од тортура на полиција кон Александар. Што и тој ја помина сета таа тортура што и ние ја минавме на почетокот. Јас во ниту еден момент не ја попречував истрагата освен во еден момент кога под присила на инспекторите го кажав тоа за Александар и со тоа нанесов своја душевна болка, кон другите немам ништо да скријам или наштетам на истрагата, рече Манев, дополнувајќи дека жали што испаднало така за Александар.

Во однос на прашањето за извесен човек кој помагал во истрагата, рече дека за тоа ќе одговори Палевски.  Тој посочи дека Палевски ја одлепил траката од устата на Вања Ѓорчевска, ја сликал со вперен пиштол, а откако ја убил во ранче го спакувал пиштолот заедно со три мотороли и наредил на некој да го уништи пакетот.

Прашан зошто досега не го споменал овој момент, Манев одговори за да го заштити човекот кому му било наредено да го уништи пакетот, бидејќи тој, како што рече, воопшто не учествувал во двете убиства.

Прашан што друго ве натераа да кажете, а не било така, одговори да не ја менува изјавата што ја дал во полиција.

-Да не ја менувам изјавата што сум ја дал во полиција, иако им укажував дека не е сѐ така како што е, тие од една страна влегува, од друга излегуваа. Го тепаа Кешишев, потоа влегуваа кај мене, повторно ме испитуваат и на тој распит ми велеа овој другиов не кажа така. Ме тераа да кажам дека сме копале дупката претходно. Наводно некој друг го кажал тоа од тепањето. Цело време наведуваа некои нивни факти. Ме прашуваа зошто тоа го кажуваш, кога претходниот, вели дека не е така, дека било поинаку. Ми велеа дури како сум убил јас, јас им велам ниту пиштол немам, како можам да убијам. „Не, другите така кажаа“, ми велеа, опиша Манев. Прашан дали по малтретирањето пред нив признал дека убил, одговори единствено тоа не го признав.

Вања Велибор Манев Палчо Панче судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.