Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велибор Манев вели дека таткото на Вања не е вмешан во случајот иако претходно изјавил дека тој се слушнал со Палчо

0
By Marija Todorovska on March 12, 2025 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во текот на сведочењето Велибор Манев, обвинет за убиство на Вања и Панче, денеска пред Судот изјави дека претрпел тортура при испитувањето од службените лица. Тој истакна дека рекол оти Палевски и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, се слушнале, само за да престанат да вршат тортура врз него, дополнувајќи дека Ѓорчевски е трето лице кое воопшто не било вмешано во случајот.

За во Скопје за да почнам да зборувам побарав адвокат, тие не сакаа ништо да слушнат, почнаа физички да ме малтретираат, да ме тепаат и да ме газат, за да почнам да зборувам. Еден од инспекторите ми пријде, ми покажа слика од машка особа, ми вика дали го познаваш, јас му велам никогаш го немам видено, ниту го имам контактирано тој човек, тој ми вели ова е таткото на детето. Дали сум го слушнал да разговара Љупчо Палевски дали разговара со детето. Јас му реков дека ниту сум слушнал, ниту знам, Палевски со кого разговарал, ниту можам да му бидам секретарка, да знам со кого прави муабет, рече Манев.

Тој додаде, „тука почнаа уште појако да ме тепаат, кажи, па кажи дека сум видел дека Љупчо Палевски разговарал со таткото. После тортурата, си велам ако имаат толку докази, ќе им кажам дека се слушнале само да прекинат со тортурата што ја вршеа врз мене.”

Манев исто така изјави дека комуникацијата со обвинетите најчесто се одвивала преку Телеграм, и дека Палевски постојано правел групи на оваа платформа. Тој потврди дека биле користени медицински маски за да се прикријат лицата при грабнувањето.

Во однос на прашањето од обвинителката за тоа дали имало објекти на местото каде што било пронајдено телото на Вања, Манев изјави „Во лозјата што не беа обработувани, на самото место тоа не беа објекти големи, мали собчиња, три на три, бетонирани.”

Тој негираше дека претходно ја ископал дупката на тоа место.

Прашан зошто не се откажа од второто грабнување, одговори дека му било страв.

Ми беше страв затоа што бев под закана дека ќе ме отепа мене и мојата фамилија ако не му ја завршам до крај работата, рече тој.

Воедно, обвинителката го прашуваше дали е точно дека во текот на распитот пред ОЈО и пред судијата на претходна постапка кај него можело да се забележат повреди, тој одговори дека цело време бил под притисок и закана на инспекторите.

Бев под тортура, не само од инспекторите, тортурата продолжи и во затворот, влегуваа по тројца четворица дневно, ме удираа со палки и си заминуваа. Во меѓувреме влегуваа други службеници, кои продолжуваа со распит што како зошто. На плочките бев скоро здрвен, бидејќи лежев на земја на обичен сунгер, се префрлив полека на сунгерот, кога ѕирнаа да видат дека сум префрлен ги слушнав како ѕирнаа и рекоа „еве го добар е, се освестил“. Кога ме однесоа на вториот распит, каде што бев сниман, ме прашаа дали ми треба медицинска помош и нешто слично. Бев под закана да не зборувам за тоа што и како се случувало и покрај тоа, после распитот ризикував, побарав да бидам врзан за радијатор и да останам насамо со обвинителката која ќе биде на безбедна оддалеченост од мене за да не можам да ѝ наштетам, за да ѝ кажам ситуацијата во која се наоѓам и присилата на која сум натеран да зборувам, образложи Манев.

Обвинителството потоа побара од судот поради различен исказ, да се прочита исказот даден во ОЈО Скопје кој се чита во моментов.

Од исказот во ЈО, Манев рекол „јас од Влатко имам слушнато дека се јавил таткото на девојчето Александар и зборувал со Љупчо, јас не знаев тогаш за што разговараат и дека се работи за неговата ќерка“.

Според исказот во ОЈО, Манев навел дека Палевски разговарал со Вања, ја прашал кои ѝ се родители и кој и бил дедо, побарал контакти од нејзините родители, таа му ги дала. Му кажала дека имаат стан во Охрид и неколку станови во Скопје.

Од тато не барај, тој не нѐ сака, од мама ќе бараш, таа сѐ што ќе има ќе даде за мене, посочил Манев, дека така одговорила Вања.

Александар Ѓорчевски Вања Ѓорчевска Велибор Манев Палчо судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.