Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Величковски: Профит од земјиштето ќе види екипа околу власта

0
By Нова ТВ on June 10, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието на Република Македонија по скратена постапка ги усвои измените на Законот за земјоделско земјиште по скратена постапка. Гласаа само 63 пратеници, од кои 61 гласаа „ЗА“, што претставува минимален број гласови за законот да биде изгласан.

Со ова, беше изменет еден став во законот кој велеше дека „земјоделското земјиште во државна сопственост не може да биде предмет на продажба“, при што сега ова земјиште „може да биде предмет на продажба под услови и на начин утврдени со закон.“

СДСМ ја бојкотираше расправата и гласањето и тоа и на овој закон и на законот за абортус. Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасов, во име на опозициската партија рече дека таа не сака да учествува во „самоволието на ВМРО-ДПМНЕ“:

– СДСМ нема да учествува во расправата на оваа седница од едноставна причина заради тоа што не сакаме да учествуваме во самоволието на ВМРО-ДПМНЕ и на владејачката структура во носењето на овие два исклучително значајни законски проекти за Република Македонија и за нејзините граѓани. Пред се, заради тоа што сметаме дека не се водат од интересите на граѓаните туку исклучиво од тесно партиски интереси и интереси на мала група на луѓе во раководство и околу раководство на ВМРО-ДПМНЕ, притоа без да се води сметка за вистинските земјоделци и за граѓаните кои што живеат од земјоделско земјиште во Македонија – смета Спасов.

Единствен кој расправаше за законот од редовите на опозицијата беше Ивон Величковски од Либералната партија. Тој за НОВА вели дека земјиштето е основен ресурс за земјоделското производство кое сочинува 20 отсто од бруто домашниот производ и дека законот ваков каков што е ќе донесе многу проблеми.

– Во моментов ние имаме завршено само првостепена постапка на процесот на денационализација, но во втор степен постапките се уште траат. И тоа фактички значи дека државата може да продава земјиште кое е во фаза на обжалување во рамките на процесот за денационализација. Значи, луѓето повторно можат да бидат казнети и да им биде одземено нешто што би можеле да го добијат назад со процесот на денационализација.

Величковски смета и дека со ова ќе се создаде нова партитократија околу власта зашто таа ќе ги има сите предности при купувањето на земјиштето:

– На овој начин странски државјанин сега ќе може да купи земјоделско земјиште дури седум години откако ќе влеземе во Европската унија. Ако целта е да дојдат до земјиште лица кои ќе се занимаваат со земјоделство, тогаш продажбата за странци од ЕУ треба да биде отворена порано. Со ова не се нуди суштинска основа, врз дефинирана сопственост на земјиште, за развој на земјоделското производство, а со тоа и за развој на конзервната и индустријата за преработка на храна. Тоа значи дека ова нема да го има посакуваниот ефект. Сега со ова законско решение ќе купува земјиште кој има пари. Се создава иста средина и исти последици како непромислениот начин на приватизација во 90-тите години. Го поддржуваме концептот на приватна сопственост, но се создаваат услови мала екипа, владина или политичка олигархија, да одлучува за прашања од кои ќе зависи профитот и производството од земјоделското земјиште.

На прашањето зошто токму сега се прави ова и дали на власта сега набрзина и требаат пари со оглед на тоа што буџетот не се полни според очекуваното, Величковски вели:

– Како и при секоја приватизација, приливот ќе биде еднократен. Со создавањето на ваков законски акт треба да се овозможи експлоатација на земјиштето која редовно ќе носи профит. Мислам дека на овој начин не се постигнува тоа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.