Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Величковски: Владата ниту има, ниту ќе има „План Б“ за ЕУ-интеграциите на државата

0
By Marija Todorovska on December 26, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Друга опција, според Величковски е застојот да предизвика предвремени парламентарни избори, за ново изгубено време во кое партиите ќе бараат начин да „спасат образ“, а всушност само ќе наидат на презир.

Дестан Јонузи

„Нацијата на Северна Македонија не бара алтернатива за евроинтеграциите. Закочувањето на евроинтеграциите на Северна Македонија денес низ саботирање на Преговарачката рамка е истото што и обидот земјата да не стане членка на НАТО со проблематизирање на Преспанскиот договор претходно: Тоа се операции од истиот проект за ставање на територијата на Северна Македонија во просторот на „српскиот свет“ како хибридна проекција за руско и кинеско економско, политичко и безбедносно влијание во Северна Македонија и во регионот“, вели во изјава за Фронтлајн, Ивон Величковски – лидер на Движењето за нова република, поранешен пратеник и лидер на Либералната партија, зборувајќи за уставните измени и ЕУ-интеграциите на државата.

Владата, додава тој, мора да го следи барањето на нацијата за полноправно членство во Европската Унија спротивставено на предизборните реторики.

– Денес Мицкоски и Меџити се во непријатна позиција: за ВМРО-ДПМНЕ прашањето е како да се ослободи од обврските од предизборната нарација за „репреговарање на договореното“, а за VLEN како да се факторизира и да го гарантира интегративниот процес кој и е во министерски ресор. Владата ниту има ниту ќе има „План Б“: И ВМРО-ДПМНЕ и VLEN сепак знаат дека Преговарачката рамка е јасен и документиран писмен патоказ со кој Северна Македонија го потврдува својот капацитет на владеење на правото како копенхашки критериум токму спроведувајќи ги своите обврски преземени со институционална одлука, анализира нашиот соговорник.

Според него, на целата нација и е јасно дека внимателното формулирање на Преговарачката рамка за време на Француското претседателство со ЕУ беше гарантирањето на она што беше дефинирано како „идентитетско прашање“ и од Париз и од Берлин и од Рим… и од Атина и од Софија… преку Брисел. И дека со неа не преговараме со Бугарија или Грција туку со ЕУ.

– Затоа и Мицкоски призна дека нема „План Б“ туку „идеи“. Сетете се: ВМРО-ДПМНЕ тргна од „репреговарање на Договорот за добрососедство“, а денес веќе не зборува ниту за „одложена примена“ на уставните измени. Впрочем сите сфатија, особено во Северна Македонија, дека се што ни било потребно – сме го добиле, нагаласи тој.

Попрецизно, подвлече нашиот соговорник, со донесени уставни измени до средината на март ние правиме recoupling со Албанија и заедно со неа и со Црна Гора следната декада можеме да ја дочекаме како полноправна членка на ЕУ.

– Целта на малигните влијанија од надвор и на малигните политики од внатре е Скопје да чека на Белград и Бања Лука на патот кон Брисел – за да биде „монета за поткусурување“. Владата и претседателот на Републиката се на потег – да работат за интересот на нацијата на Северна Македонија и на македонскиот народ во неа – или за „српски свет“, подвлече тој.

Величковски смета дека рокот за поднесување уставни измени што Движењето за нова република минатата седмица го истакна јавно е 15 јануари 2025.

– Процедурата за уставни измени е минимум четириесетина дена и со оптимална агенда веќе во април имаме деблокирани преговори и правиме recoupling со Албанија која веќе го отвори второто поглавје. Црна Гора е понапред, но со доволно напори трите земји заедно ќе може да го завршиме преговарачкиот процес во одржливо кус временски рок – создавајќи бран на проширување кој нема да може да биде запрен во ниту една метропола во ЕУ. Затоа повикавме опозициските партии и пратеници кои стојат на своите предизборни определби за интеграција на Северна Македонија во ЕУ – да ги поднесат уставните измени на средината на јануари. Од моментот кога предлогот е во Собрание ќе се знае кој за што е – и Владата и секој пратеник, подвлече тој.

Друга опција, според Величковски е застојот да предизвика предвремени парламентарни избори, за ново изгубено време во кое партиите ќе бараат начин да „спасат образ“, а всушност само ќе наидат на презир.

ЕУ во март 2020 одлучи дека Македонија може да ги почне преговорите, но потоа земјата доби блокада од Бугарија. Тоа беше надминато со францускиот предлог со кој дел од бугарските барања влегоа во преговарачката рамка, по што следуваше првата меѓувладина конференција. За да почнат преговорите, да се отвораат кластери, пак, земјава прво треба да направи измени на Уставот, односно да се внесат Бугарите во него.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Влада ЕУ Ивон Величковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.