Велика Британија му донира оружје и муниција на Ирак во вредност од 1,6 милиони фунти со цел да помогне во борбата со војската на Исламската држава, соопшти Министерството за одбрана на Велика Британија.
Опремата се проценува на 1,6 милиони фунти, а половина милион ќе бидат наменети само за нивниот транспорт. Таа се очекува да пристигне во среда, а беше побарана од самата влада на Ирак.
„Курдските сили остануваат далеку неопремени во споредба со силите на Исламската држава, така што ние им одговараме со тоа што ќе им помогнеме да се одбранат, да ги заштитат граѓаните и да ѝ возвратат на Исламската држава“, изјави Министерството за одбрана на Велика Британија.
Групата џихадисти од Исламската држава окупираше големи предели во Ирак и Сирија, а од јуни го декларираше создавањето на „калифат“ односно Исламската држава.