Парламентот на Велика Британија го поддржа британското учество во воздушните напади врз екстремистите на Исламската држава во Ирак, јавува Би-Би-Си.
По седум часа дебата, пратениците гласаа за воена акција со 524 гласа „за“ наспроти 43.
Конзервативците, Либерал демократите и Лабуристите, сите ги подржаа воздушните напади, иако некои пратеници изразија загриженост за тоа каде ќе доведе тоа и за иднината на Сирија.
Политичкиот уредник на Би-Би-Си, Ник Робинсон, рече дека воените авиони би можеле да се пратат во недела.
Премиерот Дејвид Камерон, рече дека интервенцијата на барање на ирачката влада е „морално оправдана” за борба против „бруталната терористичка организација” и дека е јасно оти е законско.
Тој доби поддршка од лидерот на Лабуристите Ед Милибанд, кој рече дека неактивноста ќе доведе до „убиства” во Ирак, во големите делови кои се контролирани од исламската држава.
Политичкиот дописник на Би-Би-Си Бен Рајт изјави дека иако имало „широко прифатен договор” меѓу пратениците дека преземањето акција против ИД е неопходна, постоела „голема вознемиреност” за тоа каков ќе биде исходот од борбата – што Дејвид Камерон предупреди дека би можеле да поминат години.
САД почна со воздушни напади врз Ирак минатиот месец, а во понеделникот почна напади врз Сирија. Авионите од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати се приклучија на американските сили во нападите. САД објави дека повеќе од 40 земји понудиле да се приклучат на анти-ИД коалиција.