Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велковски: Скопје 2014 е непрофитабилен проект

0
By Нова ТВ on February 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во неформални разговори градежниците зборуваат дека владата не им плаќа редовно за Скопје 2014, но фирмите никогаш јавно не проговорија колку им се должи.

Тие по свои линии си ја бркаат наплатата, вели во разговорот за Радио Слободна Европа, претседателот на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија, Никола Велковски.

Какви промени направи проектот Скопје 2014 во градежниот сектор?

– Скопје 2014 е непрофитабилен проект. Ние како градежници тоа не може да го зборуваме, но треба да го зборува јавноста, урбанистите, граѓаните… Ние како градежници бараме работа и бараме инвеститори, платежно можни инвеститори коишто ќе ни дадат работа, да конкурираме под еднакви услови, да земеме работа, да ја сработиме и да наплатиме.

Дали редовно се исплаќаат извршените услуги кога владата или нејзините институции се јавуваат како инвеститори?

– Ние имаме одржано повеќе состаноци во тој дел и за жал во неформални разговори градежниците зборуваат дека не се плаќа, дека не се плаќа редовно. А кога ќе кажеме ајде на официјален состанок да излеземе, да излезат тие што работат, јас сум само претседател на групација на градежници, а ангажирани фирми се знаете кои, тоа се 5,6, 10 фирми колку се ангажирани, кој успеал да добие на тендерите, тие никогаш јавно не проговорија колку им се должи. А неформално зборуваат дека се доцни, не им се плаќа редовно.

Зошто?

– Јас мислам дека не се работи за класично кажано страв, туку тоа е водење на деловна политика за да не си го изгуби местото кај инвеститорот и никогаш не кажува дали се должи или не се должи. Тие по свои линии си ја бркаат наплатата. Ако се здружени во Комора и ако бараат за многу видови на заеднички проблеми да ги изнесеме пред Владата. Ова е горлив проблем затоа што да речеме градежништвото уште стотина други подизведувачи ангажира, тоа е една врзан синџир и ако не се плаќа кај првиот носител на договорот, сите тие што се во синџирот исто така имаат проблем со наплата и со ликвидност.

Со оглед на тоа што тендерите ги добија 2-3 домашни и неколку странски компании, како тоа влијае врз останатите градежни компании во земјата? Во каква позиција ги остава?

– Поголемите фирми, оние кои сега се ангажирани, барем Гранит, Бетон и уште некои, беа ангажирани надвор со поголемиот дел од своите капацитети и ресурси и тоа нас ни оставаше простор, помалите фирми да можат да бидат ангажирани на проекти на домашниот пазар и со домашни инвестиции. Но во неможност да ги пласираат во најголем дел своите ресурси надвор, нашите поголеми фирми практично станаа конкуренција на домашниот пазар.

– И сега тоа е всушност најголемиот проблем, што големите, не успевајќи да излезат надвор, своите ресурси ги ангажираа на домашниот пазар и тоа направи еден вид на конкуренција.

– Од друга страна инвеститорите кога ги правеа условите за тендерирање, бидејќи се работи за поголеми објекти со поголема сума на инвестиции и беа многу појаки условите во тендерите и практично нас не лиши, поголем дел од фирмите, средни и мали, не лиши да бидеме конкурентни при лицитирање. Значи тоа го направија присутноста на големите фирми и условите кои беа во тендерите.

Преземено од Радио Слободна Европа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.