Претседателот на Венецуела соопшти дека тројца опозициски генерали се обидувале да ја убедат војската да се крене против владата.
– Генералите контактирале со опозициските политичари и пробувале да ја убедат војската да се крене против легитимно избраната влада, изјави вчера Мадуро по состанокот со министрите за надворешни работи од Јужна Америка.
Според него, групата имала директни врски со сектори од опозицијата и тврделе дека следната недела била „пресудна“.
Ваквиот развој на настаните доаѓа по шест недели протести низ улиците во кои загинаа најмалку 34 луѓе.
Генералите биле изведени пред воен суд. Агенцијата АФП јавува дека деталите за генералите биле спроведени единствено преку Кабинетот на Мадуро.
Според експертите во земјата, ова се случува за првпат во 15 години, генерали да бидат уапсени за организирање пуч.
Мадуро и понатаму ужива голема поддршка во земјата, особено од посиромашното население.