Опозициониот лидер на Венецуела Леополдо Лопез се појави во вторник, по денови на криење, за да се обрати на анти-владините демонстрации и потоа се предаде на безбедносните сили во Каракас, јавува ВОА на македонски.
Четириесетидвегодишниот економист образован на Харвард, кој го поведе опозиционото протестно движење, беше баран по обвиненија кои вклучуваат убиство и тероризам. Тој кажа дека со предавањето ќе бидат отворени очите на светот за се поавторитарната социјалистичка влада во Венецуела.
Деновите на крвави анти-владини протести резултираа во четири смртни случаи.Партијата Волја на народот на Лопез протестира против растечката инфлација, слабата понуда во супермаркетите и големиот криминал.
Претседателот Николас Мадуро го обвинува Лопез за поттикнување на насилство и водење на заговор поддржан од САД за негово соборување од власт.
Во понеделникот, Мадуро нареди протерување на тројца претставници од американската амбасада, откако Вашингтон застана во одбрана на Лопез.

