Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Венко Филипче за „Слободен печат“: По изборите ќе го демонтираме системот со кој ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски дојдоа на власт

0
By Zoran Ivanov on May 27, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 27, 2026 12:51

За тоа колку е Мицкоски патриот, ќе го потсетам, еве, како доаѓаше во седиштето на СДСМ, кога и јас и другите партиски другари бевме дел од младината и бараше поддршка од Бранко Црвенковски да се кандидира за претседател на Студентскиот сојуз. Етe толку е Христијан Мицкоски ВМРО. Дечкото ништо не го интересира, освен неговиот интерес. Личен, вели Филипче.

По следните избори, кога и да се одржат, кога ќе ја формираме новата влада, ќе го демонтираме и ќе го елиминираме системот со кој ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дојдоа на власт. Во 2024 година едноставно ги прелажаа луѓето, на власт дојдоа со лажна кампања, добро смислена, не овде, туку во соседна земја, во Србија, контролирана од Унгарија, со механизми што му беа оставени на располагање на Мицкоски, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат“.

Кога говори за изборите, тој вели дека не се борат да ја освојат власта за нив, туку да ја вратат во рацете на граѓаните, а за да го остварат тоа, ќе работат на неколку нивоа.

– Прво, ќе ја донесеме Европа конечно овде. Ќе почнат преговорите. Ќе се направи тоа што треба да се направи. Уставни измени без никако да бидат загрозени ниту националниот идентитет, ниту култура, ниту јазик, ниту историја. Понатаму, ќе донесеме европско правосудство. Јас нема да бидам, ниту имам интерес, ниту, пак, на крај памет не ми паѓа да се занимавам со обвинители или со судии. Или како Мицкоски да кажувам насоки и да кажувам што ќе се случува во судството. Тоа е само еден од скандалите на ова владеење – тој човек директно се меша во правосудството. Тоа го нема во ниедна демократска земја. Тоа е на ниво на скандал. За таков скандал во друга земја владата паѓа. Понатаму, ќе го донесеме антикорупцискиот закон од кој никој нема да биде поштеден. Ќе има ветинг на сите функционери од 90-тите години. И тој закон ќе биде под јурисдикција на силна соработка со европското обвинителство. Нема да може веќе да се влијае врз судството. Нема да може да се штелуваат пресуди и така натаму. Освен тоа, ќе има награди за луѓето што ќе пријават такви коруптивни случаи – вели Филипче и додава дека освен овие задачи, ќе се воспостави мерит-систем.

На прашањето кога ќе има избори, тој одговара дека тоа ќе се случи кога ќе снема пари за партиските тендери, а факт е дека сè помалку има, бидејќи „душмански ја задолжуваат земјата“.

Сепак, во фокусот на неговите изјави се уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот. Притоа го обвинува премиерот дека го лажел народот бидејќи пред изборите во 2024 година, бил свесен дека не може да се смени преговарачката рамка.

– Ние се обидовме со нашиот преговарачки тим да издејствуваме уставните измени да се со одложено дејство, но од Европа кажаа „не може“. Значи не од Бугарија, туку од Европа со која преговараме. Не преговараме со Бугарија. Од уставните измени немаме никаков ризик. Со нив ништо не може да се случи. Напротив паѓа во вода повеќедецениската политика, поткрепувана со разни декларации во Бугарското собрание, при што тие на времето дури не го признавале македонскиот народ. А успехот на преговарачката рамка усвоена од сите земји членки на Европската Унија, вклучувајќи ја и Бугарија, е дека тие го признаваат македонскиот народ и македонскиот јазик. Нешто што во минатото, пред повеќе децении, било незамисливо. Тоа е успехот на нашата дипломатија, кој оваа пропаганда (на власта, н.з.) го претвори во предавство – објаснува тој.

Во врска со ставот на Владата и на премиерот за реципроцитетот, односно почитување на правата на Македонците во Бугарија, ставот на Филипче е дека „ќе бидеме во многу посилна преговарачка позиција ако сме во ЕУ“.

– Еве сега не можеме тоа да го добиеме, се обидоа. Ние уште во 2024 година кажавме, сè што ќе направите, а ќе биде подобрување на преговарачката позиција, ние го поддржуваме. Ама укажавме дека не можат да направат ништо затоа што ние сè се обидовме. Тоа е суштината. Ако не може да се бориме за Македонците што живеат таму, сега од оваа позиција, зарем треба да останеме вака? Зарем не треба да се бориме да одиме напред, да ни напредува државата, да станеме земја членка на Европската Унија, па потоа рамноправни со сите други земји членки да се бориме за сите наши народи, делови од народи што живеат по државите по белиот свет – изјави лидерот на СДСМ.

Тој ја обвини власта дека не сака во Европа, туку, како што рече, сакаат да грабаат народни пари без контрола. А тоа се случува на секое ниво.

Венко Филипче / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Притоа го обвини премиерот дека говори за национално обединување, а всушност „од страна на бизнис-интереси, странски интереси, Мицкоски е идентификуван како најмекиот човек во Македонија досега во историјата, човек што ќе направи сè за да одработи за туѓи интереси, а не за државата“. Сепак, не одговори на прашањето кои се тие бизнис и странски интереси.

– Христијан е најголемиот Македонец? Не, тој е најголемиот предавник. Тоа што премиерот сака да излезе дека бил на браната на нешто што ние со политики сме го потврдиле и сме го заштитиле, а тоа што тој не го прави чекорот, е само дел од неговата лажна кампања. Дали самиот верува или свесно манипулира, не сум сигурен, но и тоа со текот на времето ќе стане јасно – додава Филипче.

За тоа дали Мицкоски е најголемиот Македонец и патриот, лидерот на СДСМ, како што вели, го потсетува на нешто што се случило поодамна.

– Ќе го потсетам, еве, како доаѓаше во седиштето на СДСМ, кога и јас и другите партиски другари бевме дел од младината и бараше поддршка Христијан Мицкоски од Бранко Црвенковски да се кандидира за претседател на Студентскиот сојуз. Ете толку е Христијан Мицкоски ВМРО. Дечкото ништо не го интересира, освен неговиот интерес. Личен – изјави Филипче.

Извор: Слободен печт.мк

 

интервју Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

ВЕСТИ May 26, 2026

Албанија влегува во нова, финална фаза од преговорите со Европската Унија.

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.