Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Верничката Мизрахи, во котелот на развратот

0
By Биљана Секуловска on February 1, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема поубаво државничко и патриотско чувство од она кога ќе слушнете изјава, како онаа на Рашела Мизрахи, министерката за труд: “Јас сум верник и ќе се борам против развратот”. Оваа изјава на Мизрахи е дадена по повод порнографската група “Јавна соба” на социјалната мрежа “Телеграф”, каде се злоупотребувале девојчиња, девојки, жени, преку објавување и споделување на видеа и фотографии, се разбира, без нивно знаење. Чист пример за родово насилство, примитивен напад врз жените, кое институциите и политичарите од типот на Мизрахи го игнорираат, удобно занишани во сопствените фотелји, заспани во сопственото незнаење, неспособност и некомпетентност.

Да се биде верник, зарем нема поголема чест за една министерка како што е Мизрахи? Затоа што, министерка може да биде секој, но верник, ве молам, тоа свето чувство за одговорност и обврска, не може секој да го исполни. Но, да се биде на висината на задачата- да се стане и министерка и верник во исто време- е, да, тоа секој не го може.

Сосема исправно, првото станување од кревет наутро, на нашава министерка, подразбира да се да се полие со пепел од јад и бес- кога ќе се сети што ја чека секој проклет, тежок ден.

Не знам на која религија таа и припаѓа, но навистина е сеедно, затоа што може да биде која било, не менува ништо во суштината на нејзиното политичко делување како власт, кога таа се практикува и се наметнува од позиција на верник. Затоа, можам да претпоставам колку  ѝ  е тешко што   ѝ се нанесуваат удари од неверниците, од напастот на “моралната дисторзија”, како што вели таа. Наместо да гувее и да гледа во една точка во некој свет храм, да осознава нови божји патишта, да се восхитува на разните, чудесни религии во оваа земја, да ги потчукнува кандилцата, да ги превртува, развртува низ прстите, да ги гледа зачудено и да ги нишка благо хипнотизирано, таа нема ништо од ова. Апсолутно ништо, зеро, нада.

За голема жал на светите верски канони, на тешките правила наметнати од памтивек, таа секој божји, господов ден е принудена да отпатува на работа, во тоа проклето Министерство, а не во некој религиозен објект, како секоја честита и понизна верничка, право низ одаите да се шмугне, онаму каде што навистина и припаѓа.

За наша среќа, ја има верата секогаш при рака, па наутро ја голтнува како грутка и трча во Министерството да ја одржи својата секојдневна миса.

Знаете како е во министерствата- прилично досадна и обемна работа- имате секретари, потсекретари, заменици и помошници, потрчковци и полтрони, илјадници обврски, документи, средби, седници, молења за вработувања и клетви за партиските книшки. Како и да земете- има прилично работа, доста пролеана пот, скоро секогаш залудно, а ретко- може да се случи да сфатите дека се исплати да се борите за некакви цели, за некакво општо добро.

Политичарите секако дека би требало да имаат високи идеали, некакви цивилизациски цели кои сакаат да се постигнат во држави на кои им служат. Затоа и Мизрахи во слободното време може ако сака да биде и верничка, и пекарка и лекарка и апотекарка и цвеќарка и писателка и готвачка и собирачка на ретки пеперутки и ѕверки, и уште поретки салфетки, и сè што посака таа може да биде. Но, сега е платена да биде министерка и да служи на граѓаните во име на таа функција- да се бори за елементарните човекови права, за достоинството, за правата на тие девојчиња, девојки, жени.

Не гледам тука каква врска може да има семејството, кое таа го споменува- “како основен столб на нашето општество”- да ја цитирам. Мизрахи мора да разбере дека семејството за неа можеби е основен столб, и тоа е сосема во ред, нека биде, штом таа така одбрала. Но, сега, во 21 век светот функционира поинаку, за што тоа треба да и биде соопштено на првата владина седница. Семејството е само еден од тие основни општествени арматури, затоа што денес ги има неброено многу, секој во својот живот ги одбира и чува љубоморно тие избори за столбови како своја база за цивилизиран, достоинствен живот.

Таа како висок функционер треба да ги брани сите тие стојалишта, погледи на живот на сите граѓани, сеедно дали се нејзин прв или последен избор. Освен тоа, би било интересно да се чуе од самата министерка и што таа подразбира под тој столб- семејство- дали таа смета дека тоа претставува  заедница исклучиво меѓу маж, жена и деца, дали таа подразбира дека тоа исклучиво може да значи семејство и ништо друго и поинаку, тој нејзин столб на тоа нејзино општество.

По самата дефиниција на демократијата, кога ги исклучувате сите останати можности, опции, разноликости и богатства, останувате сам, на ветрометината на политичката осаменост и ригидност, со само еден столб, од кој не можете да видите ништо повеќе и подалеку, закопани во тврдокорноста, од која ВМРО-ДПМНЕ никако не може да се ослободи и оттргне. Една од пораките на филмот “Медена земја” беше токму тоа- да се гледа во иднината, за да не се остане сам, во пустелијата на стравот од останатите, поинакви и еднакво добри, затоа што само така може да станат најдобриот излез.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

ВЕСТИ September 16, 2025

Aпсолутен рекорд – 28 поглавја од преговорите се отворени за 11 месеци.

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.