Верниците денеска се простија од упокоениот владика Кирил во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово, каде што беа изложени неговите посмртни останки.
Пригодна литургија отслужија викарниот епископ лешочки господин Јосиф и свештеници од тетовско и гостиварско.
Владиката Кирил утре ќе биде погребан во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во кумановско Дељадровце, откако претходно во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе биде отслужено опело.