Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, кој на оваа позиција ја замени Викторија Нуланд, во вторник доаѓа во Македонија.
Неофицијално, Мичел доаѓа за спорот за името.
Тој ќе има средба со македонскиот премиер Зоран Заев, на која ќе присуствуваат и министрите Никола Димитров и Радмила Шекеринска.