Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Весковски: Ние ќе се фокусираме на секој индивидуален граѓанин и целни групи на граѓани во нашата општина.

0
By Mirjana on October 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Младите се нашата иднина – Отвораме нов Младински центар, Креираме локална младинска стратегија, отвораме Канцеларија за млади, буџет за млади, субвенционираме еколошки превоз за млади, електронски уреди, Карпош ФИТ, стипендии за најдобрите ученици и поддршка на практичната работа, стипендии за ученици од семејства во социјален ризик и еднородителски семејства.

Деца од предучилишна и училишна возраст – преку обезбедување и одржување здрава средина за раст, развој, отвораме можности за образование во современо опремени училишта и нивна подготовка за продолжување на средното образование според сопствен избор, квалитети и афинитети.

Родова еднаквост  – доследна примена на државните политики за родова еднаквост и верификација и признавање на квалитетите, заложбите и успесите на жените во Општина Карпош, преку формирање на Совет на жени и поддршка на жените од ризични групи, особено олеснување на секојдневниот живот на самохраните мајки со изготвување и спроведување проекти во соработка со НВО што се занимаваат со оваа проблематика.

Лица во социјален ризик и лица со попреченост – обезбедуваме поддршка и помош за овие лица, во соработка со државните институции, Црвениот крст, невладини организации и други засегнати страни. Создаваме услови за Карпош да биде најинклузивната општина во Скопје и пошироко, како и можности за нивна интеграција и социјализација во сите општествени процеси.

Пензионерите, ветераните во нашата општина – создаваме Форум на пензионери за редовна комуникација со цел, дел од нивното драгоцено искуство да се примени во креирањето на политиките што ќе ги спроведува Општината.

Културни и просветни работници – обезбедуваме постојана финансиска поддршка на наставниците, за обезбедување нагледни материјали и дигитални алатки, за учество на обуки и семинари, за подготвување и поднесување апликации за грантови за реализација на проекти за унапредување на образовниот процес. А за културните работници кои се нашиот прозорец кон светот, креаторите на трајни вредности ќе формираме Општинскиот центар на културата.

Претприемачи и бизнис-сектор – мотото кое ја води оваа активност е „Бизнис од Карпош, за Карпош“, обезбедуваме широка платформа за поддршка на претприемачите и бизнис-секторот во Општината и нивно партнерско вклучување во креирањето и спроведувањето на нашите политики. Формираме Деловен развоен центар.

Карпош може, Карпош мора да оди напред преку реализација на граѓанскиот концепт, на проевропскиот концепт со нови лица, нова енергија и нови политики.

28.10.2021 Весковски изборна кампања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.