Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ветерниците пристигнуваат во Македонија

0
By Нова ТВ on November 13, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Паркот на ветерни електрани (ПВЕ) „Богданци“ влегува во својата финална фаза од изградбата, откако вчера од пристаништето во Солун преку граничниот премин Богородица почна транспортот на компонентите од кои ќе бидат изградени ветерните турбини, јавува МИА.

Од ЕЛЕМ велат дека станува збор за исклучително сложена операција затоа што за превоз на една ветерница, компонентите се распоредени во десетина огромни камиони, што формираат конвој подолг од еден километар. Тежината на сите компоненти распоредени во камионите надминува 330 тони.


Во по три камиони се распоредени перките за ветерницата и сегментите за столбот, во еден камион се пренесува гондолата, во еден наглавокот, а во два се распоредени помали парчиња.

Најголема тежина има гондолата во која се наоѓа генераторот и овој товар тежи 85 тони. Возилото со кое се превезува наглавокот, што претставува компонента која ги спојува перките, тежи 28 тони. Трите камиони што ги транспортираат перките се долги преку 50 метри, а секој носи товар од по 12 тони, а оние што се натоварени со сегментите за столб тежат по 50 до 60 тони.

Во наредните денови ќе почне и монтажата на ветерницата, а паралелно ќе продолжат да пристигнуваат и да се монтираат останатите турбини на локацијата Ранавец кај Богданци. Согласно воспоставената динамика, ќе се транспортираат по две ветерници неделно, што како операција ќе тече во наредните два месеца, а ветерниот парк се очекува да биде ставен во функција во текот на првото тромесечје од наредната година, изјави Дејан Бошковски, генерален директор на АД ЕЛЕМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.