Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вевчани подготвено за уште едно карневалско издание

0
By Marija Todorovska on January 12, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вевчани е подготвено за претстојниот Вевчански карневал, што на 13 и 14 јануари, ќе се одржува низ вевчанските улици, изјави за МИА градоначалникот Спасе Кочовски.

Манифестацијата, нагласи, почнува вечер со настап на Игор Џамбазов со Гуру Харе бенд и Нокаут, а атмосферата претходно ќе ја загреат Dj Ampov и Younge Daddy.

Василичарскиот дел почнува утре напладне со дефиле под маски низ вевчанските улици, а вечерта присутните ќе ги забавуваат Akustik band live, Наум Петрески, Оркестар со зурли и тапани Вевчани и Перо Бели и Коки Биортиам.

– Сместувачките капацитети, иако во мал број веќе се полни, а очекуваме голем број посетители и од околината. Покрај најавата на голем посетители од земјава, претставници на дипломатски претставништва и оваа година постои голем интерес кај странски медиуми да го проследат Вевчанскиот карневал и да ја пренесат сликата во своите земји, изјави Кочовски.

Вевчанскиот карневал, кој е нематеријално културно наследство, по две години пауза, годинава доби 1,8 милиони денари од Министерството за култура, за што ресорната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска и градоначалникот Кочовски потпишаа договор.

Според традицијата, Вевчанскиот карневал, стар околу 15 века, почнува на 13 јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва Горна и Долна маала. Неизоставен дел од традицијата се зетот, невестата, двата ѓаволи, Глупавите Августи и останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања. Секое карневалско издание за вевчанци е доживување, инспирација за изработка на маските црпат од актуелните случувања во годината што изминала. Вевчанци ќе кажат се, но до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат.

Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14 јануари.

Вевчани Карневал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.