И оваа година Ромскиот бал 2014 помина во знакот на ВИП гости од државниот врв меѓу кои и премиерот. Занесен од атмосферата со жива музика, пратеникот Амди Бајрам во еден момент му пее на увце „Зашто су ти косе побелеле друже“ на премиерот Никола Груевски на традиционалниот ромски бал на кој Премиерот му гостува на пратеникот. (Погледнете од 01:16:33)
Минатата година гости на ромскиот бал беа директорот на УБК Сашо Мијалков, директорот на Телеком Жарко Луковски, министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, јавниот државен обвинител Марко Зврлевски и бизнисменот Орце Камчев.