Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Ангелов: Карпа тешка над 20 тони виси во кањонот Матка и е опасност за браната

0
By НОВА ТВ Balaban on January 21, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЕВН Електрани веќе биле предупредени од алпинистите дека карпата е во нестабилна состојба. Заклучокот е дека карпата изгледа како да ја држи само триење, а ќе се набљудува и со дронови

Во кањонот Матка над браната има нестабилна карпа со тежина од 20 тони на висина од 100-тина метри. Таа може да се излизга во секое време и да падне во водата, но и да повлече со себе лавина од други карпи и камења кои би можеле да го загрозат ѕидот на хидроелектраната, алармираше денеска директорот на Центарот за управување на кризи, Стојанче Ангелов.

Алпинистите веќе ги предупредиле надлежните од ЕВН Електрани дека карпата е во нестабилна состојба.

– Таа е долга од 6 до 8 метри кубни и тежи 20 тони, се наоѓа на висина од 100 метри. Се работи за голема кинетичка енергија. Кога оваа карпа би паднала во браната има неколку потенцијални правци на движење. Бидејќи самата карпа се наоѓа блиску до сртот и врз правецот можат да влијаат повеќе фактори. Воедно,  при лизгањето на оваа карпа можат да бидат предизвикани лавина од други камења и карпи што би паднале најверојатно во водата во близина на ѕидот, но ние дополнително сакаме да ги провериме овие податоци. Падот би бил во непосредна близина на испустот, бидејќи карпата се наоѓа на самиот врв од гребенот, изјави Ангелов.

Директорот на ЦУК додаде дека карпата може таму да остане уште 100 години, но должност на центарот којшто тој го води е да ги извести релевантните институции.

– Нема место за кревање паника, но ја известуваме компанијата со чамците да не го користат местото блиску до браната. Ризикот е многу мал, но сакаме да делуваме превентивно, да не се користи овој дел од ѕидот на браната, истакна Ангелов.

Тој додаде дека од набљудувањето заклучиле дека карпата изгледа како да ја држи само триење, а ќе следува набљудување со дронови, по што институциите би излегле со конкретни мерки.

 

 

 

20 тони Ангелов виси ЕВН Електрани кањонот Матка Карпа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.