„Москов Тајмс“ објави видео во кое наводно е снимено бегството на украинскиот претседател Виктор Јанукович.
Камерите за видео надзор снимиле камиони од кои се симнуваат работи, како и хеликоптер во кој влегуваат луѓе со патни торби, а кој полетува од имот за кој се вели дека е претседателска резиденција.