-Можеби некој од вас во оваа сала, и можеби некој од овде ќе ја прифати хомосексуалноста во иднина. Има многу деца овде, и можеби некои девојчиња ќе станат лезбејки, не знаеме, но тоа е сериозно, немојте да се залажувате себе си околу тоа, им вели детективот Џон Соренсон на предавање на учениците во 1960 година во Дејд Каунти, Флорида.
На видео-снимката која се појави на сајтот „Liveleak“, можат да се забележат различни коментари во која постојат различни мислења за оваа „лекција“.
Соренсон понатаму во видеото на учениците им објаснува дека „хомосексуалците може да бидат насекаде, може да бидат судии, адвокати“ и доколу неговиот оддел ги знаел – би ги уапсил сите.
„Така да ако било кој од вас дозволи да се вплетка во хомоселскуалност, со друго момче, и го правите ова секојдневно, мора да престанете веднаш. Бидејќи еден на секој трети од вас ќе стане настран. И ако ве фатиме во врска со хомосексуалец, вашите родители ќе бидат првите кои ќе го знаат тоа. А ќе бидете фатени, немојте да мислите дека нема да ве фатат. Ова е една работа од која не можете да побегнете. Ако не ве фатиме ние, ќе се фатите самите, а остатокот од вашиот живот ќе ви се претвори во пекол“, вели во своето обраќање пред учениците, американскиот детектив Џон Соренсон.
Ваквата атмосфера нормално влијаела и го направила животот за геј популацијата во Америка неудобен.
Мајк Валас на CBS вели, анкетите за јавното мнение покажувале дека „секој втори Американец на геј-популацијата гледал со презир и страв, а како последица на тоа, хомосексуалците, горчливо свесни за одбивањето, реагирале со тоа што гледале како да се сокријат“.
Инаку, првите ЛГБТ движења во Америка почнуваат во раните години на 20-ти век.