НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Бизнисот бара поддршка од Владата – Ова е време на преживување !

0
By Mirjana on April 12, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во Стопанската Комора се одржа средба на претседателот Бранко Азески и претседателите на регионалните комори.

„Разговаравме за скапите суровини, скапите енергенси пред се струјата, проблемите со администрацијата од аспект на издавањето дозволи за компаниите да можат да поставуваат сопствени панели за струја во пресрет на зимата, за можностите државата да не ги покачува даноците и другите давачки, натаму за задржување на работниците за да не ни заминат по туристичките центри, па нашиот пазар да остане покус за работна сила, вели претседателот Азески.

Претседателката на регионалната комора од Прилеп Ирена Јакимовска изјави дека од голема помош би било ако локалната самоуправа го олесни начинот за дозволи за инсталирање сопствени панели на сончева енергија, во услови на скапа струја и најави за можен недостаток од истата.

„Треба заеднички да седнеме на маса и да носиме се заеднички она што е најдобро за нашите компании кои се борат да ја задржат ликвидноста и бројот на вработени, правиме максимилизација на ресурсите и задржување на вработените, изјави Јакимовска.

Претседателот на регионалната стопанска комора од Битола, Митко Велковски рече дека веќе четврт месец како и се обраќаат на Владата за поддршка од енергенси и струја зашто биле изложени на процес за преживување компаниите од Пелагонија и од Преспа.

„Ние сме свесни за состојбата, но инвестицијата во исползувањето на соларната енергија е стратешка. Таков третман имаат компаниите во Србија и во Босна. Потребна е стимулација за да не потонеме, рече Велковски.

Ако е потешко да се менува структурата на бизнисот, ние приоритетот го ставаме на фотоволтаиците, дозволите да се добиваат побрзо зашто тука би ги имале набрзите ефекти.Она што треба да се направи е да се задржи извозот само тоа може да ја одржи економската и секоја друга сигурност во земјата, рече Азески.

„Стопанската комора има низа предлози: намалување на сивата економија, запирање на митото и корупцијата, гасификацијата, разни стимулации за извозно ориентираните компании.Ние сега треба да се свртиме кон капиталот кон работникот кој е составен дел, капиталот да каже што му е најпотребно и да биде поддржан со скромна поддршка. Ова е време на преживување никој не може да предвиди што ќе се случува, никој не може да предвиди колку ќе потрае. Да помогнеме сите на државата но и да видиме дека државата сака да си помогне самата на себеси, изјави Азески.

( М. Трпческа ) 

Стопанска Комора бара поддршка од Владата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.