Премиерата на најновиот филм на легендарниот Вуди Ален, насловен „Blue Jasmine“, е најавена за 12 јули во кината во Америка.
И покрај возраста од 77 години, култниот њујоршки режисер не се откажува од својата пракса речиси секоја година да направи филм. „Blue Jasmine“ е приказна за животната криза на една њујоршка домаќинка. Таа е богата модистка која мора да се пресели во Сан Франциско, кај нејзината сестра и да се соочи со начинот на живот на работничката класа.
Во главните улоги играат вообичаено се појавува актерската елита: Кејт Бланшет, Алек Болдвин, Петер Сарсгард.
Содржината на новиот филм на Вуди Ален беше чувана во тајност до вчера, кога излегоа првите трејлери за филмот.