Метеорот кој го погоди регионот Урал предизвика одредени оштетувања
Камењата можат да се види низ стотици километри по уривањето во регионот Урал.
Жителите на Челиабинск изјавиле дека се тресела земјата, прозорците се скршени и алармите на автомобилите се вклучиле за време на паѓањето на метеорот.
Траги од паѓањето может да се видат во Екатеринбург, околу 200 километри југо-источно од Челиабинск, како што изјавил сведок, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на новинската агенција Ројтерс.
Сведокот изјавил дека огромна експлозија била слушната рано утрово и дека во 19-катна зграда во центарот на градот можело да се почувствуваат еден вид бранови, предизвикани од падот на метеорот.