Судењето за насилството во општина Центар во кое обвинети се двајца поранешни функционери М.Ј. и Н.Г. е одложено за следниот месец бидејќи адвокатот на обвинетите, Никола Додевски организирал работилница, соопшти Кривичниот суд.
СЈО во септември објави случај против четиринаесет лица за поттикнување насилство против градоначалникот на Центар и советниците од спротивниот политички табор, за да се саботира седницата на Советот на чиј дневен ред беше точката за изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа и другите главни вести во Македонија и светот погледнете ги во видео прегледот во „Една минута вести“ на НОВАТВ достапни на македонски и албански јазик.