Излез не се брзи предвремени избори, кажа претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, на прес-конференција по состанокот на раководството на партијата.
-Имаше голема пречка за нас во однос на гласањето за недоверба на Владата, но Димитар Апасиев го повлече својот потпис од Иницијативата за гласање недоверба на Владата и сега можем да потврдам дека четирите пратеници на Алтернатива утре ќе гласаме за недоверба на Владата, рече Гаши.
-Во оваа состојба, со пандемијата и енергетската криза не е време за избори. Сепак, ни треба нова Влада, кажа Гаши, додавајќи дека наскоро се очекува и отпочнување на преговорите со ЕУ.
Тој одговори дека Алтернатива би прифатила да влезе во Влада која, како што вели, ќе го задржи евроатлантскиот курс и ќе работи на одржување на добрососедските односи.